Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПочина Ханс Дитрих Геншер – поранешниот министер за надворешни работи на Германија

Почина Ханс Дитрих Геншер – поранешниот министер за надворешни работи на Германија

 

Ташна вест за германската популација. Поранешниот министер за надворешни работи на Германија Ханс Дитрих Геншер почина на 89-годишна возраст, соопшти денеска претставник од неговиот кабинет.

Во соопштението од кабинтетот на поранешниот германски министер за надворешни работи е наведено дека Данс Дитрих Геншер починал вчера вечерта на 89 годишна возраст во присуство на членовите на семејството во својот дом во Вахтберг. Геншер починал од последици на кардиоваскуларно заболување.