Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо Кембриџ програма ќе се учи и во гимназиите

По Кембриџ програма ќе се учи и во гимназиите

Образовниот Кембриџ-систем од новата учебна година  ќе почне да се применува и во општите средни училишта. Сите ученици кои ќе се запишат во гимназија од прва година ќе имаат можност да изберат една од шесте насоки односно природно- математичката комбинација А и Б, јазик- уметност, комбинација А и Б и хуманитарно- општествена, комбинација А и Б.

„Оваа година учениците ќе аплицираат за шест насоки а не како до сега што беше, по втора година да се ориентираат за насоките. Од оваа година новост ќе биде тоа што учениците ќе се ориентираат од нивното запишување за предвидените насоки“, рече Фарук Зеќири- директор на гимназијата „Зеф Луш Марку“.

Од Министерството за образование оценуваат дека ова е позитивна новина.

„Според резултатите кои ги постигнале од основното образование каде веќе се применува Кембриџ-системот, решено е тоа да продолжи и во средното образование. Иако често имало и проблеми во неговата примена, сепак сметаме дека овој систем е напреден и дека ќе даде овозможи поголема перспектива за новите генерации“, рече Сафет Незири- МОН.

Кембриџ-системот се применува во повеќе од 10 илјада училишта во 160 разни земји. Во Македонија првата фаза почна да се применува во септември 2014-та година во прво, второ и трето одделение.

Извор: alsatm.mk