Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо децении на хумор и сатира згаснува „Хихирику“

По децении на хумор и сатира згаснува „Хихирику“

Актерот Благоја Чоревски – Чоре, денес преку својот Фејсбук профил ја извести јавноста дека познатата хумористична радио емисија „Хихириху“ заминува во историјата.
Освен што повеќе немало да се снима, и актерите ќе останеле без исплатени хонорари. Тој јавно апелира од надлежните да му дадат одговор зошто згаснува емисијата, не само нему, туку и на слушателите кои што се децении уживаат во интересните хумористични теми на емисијата.
„Пред половина час ми се јавува создателот на „Хихириху“ Иван Карадак, и ме извести дека нема повеќе да се снима емисијата. Му кажале дека немаат намера ниту да ни ги исплатат хонорарите за досега снимените и емитувани емисии. Вчудоневиден го прашувам, кој тоа го симнува ,,Хихириху’’ од етерот. Директорот, или некој орган да речеме, уметнички совет или управен одбор, и на која седница. Нам  на актерите, на Карадак, на снимателот Дедиќ, и што е најважно на верните слушатели им должат одговор зошто и кои се побудите за симнување на „Хихириху“ по цели четириесет и повеќе години.
„Хихириху“ е, и ќе им остане единствен препознатлив бренд и на МРТВ и на Република Македонија! Срамно!“ – напишал Чоревски.
Ова е второ згаснување на „Хихирику“ по 2014-та кога емисијата беше прекината, но подоцна вратена во етерот на македонското радио.