Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВанхауте со „мачињата“ главен на Twitter

Ванхауте со „мачињата“ главен на Twitter

Белгискиот олеснувач во преговорите меѓу политичките партии освен способности за доближување на ставовите покажа и голема вештина на Twitter со објавата на „штосни“ мемиња. vanhaute_twiter_0Претходно провладините медиуми му се налутија дека го навредил македонскиот народ со пораката „ Состојбата е безнадежна но, не и очајна“.
vanhaute pregovoriСега на партиите им порачи дека сака да преговара, но за „неговата љубов“ потребен му е одговор и од другата страна. Ваквите пораки можеби се несериозни за позицијата која ја застапува Ванхауте но, со оглед на лошата политичка атмосфера сфатете си ги на позабавен начин и не се нервирајте без потреба.
vanhaute dogovorПоследното „маче“ на Ванхауте најави дека од 15 часот време e да се постигне конечен договор за регулација на медиумите. Простор за компромис има бидејќи медиумите не може магично да се подобрат за само еден ден, туку ќе биде потребно време и за време и по изборите за нивно реформирање со враќање на јавната дебата, професионално известување и регулирано рекламирање.

Автор: Христијан Станоевиќ