Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаPhilip Morris прогласен за најдобар работодавач

Philip Morris прогласен за најдобар работодавач

Интернационалниот концерн од тутунската индустрија Philip Morris по четврти пат го доби признанието за најдобар работодавач во Европа, а оваа година доби и награда и за работните услови и на Блискиот Исток. Наградбата ја доделува Институто за најдобри работодавачи од Швајцарија и при изборот се прави проценка на сите работни практики и третман на вработените.

Philip Morris International доби високи оценки во овие категории во 24 земји од Европа и Блискиот Исток, каде според извештајот се овозможени исклучителни услови за работа и посакувана работна средина, која нуди креативен развој и мотивира иницијативи за личен и професионален развој на вработените.

PMIPhilip Morris International вработува околу 82000 лица во светот. Компанијата има одлични програми за напредување во кариерата на секој поединец кој може својата работа да ја продолжи во еден од 180 пазари каде е присутна компанијата. Само во 2015 година речиси 1400 вработени работеле надвор од своите матични земји на различни проекти низ светот. Компанијата нуди стабилни иницијативи за учење и развој, силни програми за награди и признанија, како и предизвикувачки можности за кариера во глобална и различна средина.

Во Македонија, водечката глобална компанија од тутунската индустрија е присутна преку заедничкото партнерство со Тутунски Комбинат Прилеп.