Saturday, May 4, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПет необјавени легендарни албуми

Пет необјавени легендарни албуми

Необјавените албуми секогаш ни нудат извонредно привлечен поглед во светот на рок музиката, надвор од нашата перспектива. На крајот на краиштата не секогаш сме заинтересирани само за музиката- туку и за луѓето кои ја создаваат. Позади овие проекти се наоѓаат приказни за некои од најголемите уметници на сите времиња, борејќи се да ја остварат својата креативна визија наспроти комерцијализараната индустрија. Сепак понекогаш некои проекти поради различни причини се едноставно ставени настрана или се потполно заборавени.

Но шпекулациите за необјавени албуми на легенди како Нил Јанг, „Битлси“, Боб Дилан и Џони Кеш и уште многу други, засекогаш ќе живеат во мислите на најголемите обожаватели, решени да го откријат секое скриено парче од кариерата на своите идоли.

Иако има повеќе неојбавени албуми за кои вреди да се дискутира, сепак во прилог ќе издвоиме пет албуми од големи музички ѕвезди кои останале необјавени:

1. „The Beatles“- „Get Back“ (1969)

„Get Back“ бил замислен како албум кој ќе ве потсети на почетоците на рок музиката на овој бенд, снимен во живо во хангар направен како филмско студио, замислен за документиран филм за групата „Битлси“. Идејата за овој албум била интересна, но условите за музика биле далеку од идеални. Лошите услови за снимање, несогласувањата поради тоа што секој член на бендот имал различни идеи околу овој проект, довеле до тоа овој албум на крај да добие сосема различна димензија од првично замислената и да биде објавен под името „Let It Be“.

2.Bob Dylan and Johnny Cash-„The Dylan/Cash Sessions“ (1969)

Дилан и Кеш постојано самостојно се обидуваа преку својата музика да му дадат нова димензија на тоа време, за подоцна конечно да ги здружат силите и заедно да влезат во студиото. Во февруари 1969 година Дилан се наоѓал во родното место на Џони Кеш работејќи на својот девети албум, по некоја случајност тој го снимал својот албум веднаш до студиото во кое работел Кеш. Дилан го почастил со посета, па така тие двајца снимиле околу десетина песни заедно. Сепак, само подобрена верзија од песната на Боб Дилан „Girl From the North Country“ беше објавената нумера со која тој го заврши својот албум, а останатите песни снимени од овие легенди останаа необјавени.

3.Jeff Beck- „The Motown Album“ (1970)

Џеф Бек се смета за една од ретките Британски рок ѕвезди која има снимено во студиото Хитсвил во Детроит. „Тоа беше една од моите последни сесии таму“, изјавил Џеф Бек за американските медиуми во 2010 година. Снимањето на албум течело во најдобар ред, се додека Џеф Бек не одлучил да земе свој сопствен тапанар. Тој сакал да направи спој од фанк и рок музика, но тоа никако не се вклопувало во новиот албум. Бек вели дека тие снимиле 10 песни, но од целото тоа останало само копија од касета која тој ја направил.

4.Jimi Hendrix- „Black Gold“

Во раните почетоци на 1970-тите години од минатиот век, Џими Хендрикс барал начин да напише музика која се протега надвор од конвенционалните рокенрол песни. Еден ден тој ја земал својата акустична гитара и започнал да прави нова музика. Напишал „Black Gold“ на етикетата и отишол да му ја презентира својата идеја на тапанарот Мич Мичел, за заедно со него да ја заврши својата идеја во студиото. Пред целото ова да се оствари Џими Хендиркс почина, касетите останаа во сопственост на Мич Мичел, заборавени цели две децении.

5.Pink Floyd- „Household Objects“ (1974)

Албумот на англиската група Pink Floyd од 1973 година „Dark Side of the Moon“ им донесе огромен успех насекаде ширум светот и ги трансформираше во еден од најголемите рок бендови практично преку ноќ. Доживувајќи го тој огромен успех тие сакале да направат нов албум со сосема различен концепт- неупотребуајќи ниту еден музички инструмент. „Household Objects“ бил проект кој бил идеја песните да бидат направени од звуци кои ќе доаѓаат од чекани, метли, пили за дрва и уште многу други домашни работи. После цел месец работа бендот успеал да состави само две песни „The Hard Way“ and „Wine Glasses“. Па така било многу тешко да се создадат овие звуци и да се сними нов албум, но од песната „Wine Glasses“ всушност бил направен еден од нивните најголеми хитови „Shine On You Crazy Diamond“, најслушаната песна од нивниот следен албум „Wish You Were Here“.