Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети и Тачи меѓу политичарите од регионот – мета на „Окото на народот

Ахмети и Тачи меѓу политичарите од регионот – мета на „Окото на народот

Али Ахмети со повеќе сопартијци од ДУИ меѓу кои и Талат Џафери, Муса Џафери, Рафиз Алити но и Мендух Тачи од ДПА се на листата за острел составена од организацијата „Окото на народот“ за изневерување на интересите на Косово заедно со албански политичари од регионот пренесе Танјуг.

„Окото на народот“ е организацијата, која ја презеде одговорноста за обидот за убиство на познатиот адвокат и политичар Азем Власи на 13 март.

Покрај политички лидери, кои според организацијата ги „предале интересите на Косово“, на листата има и публицисти, опозициски претставници и новинари.

Листата беше објавен денес во приштинскиот весник „Бота сот“, а претходно таа се појави и на сајтот „Газета Фјала“.