Monday, May 13, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПадна договор, Муса Сисоко пристигнува во Италија!

Падна договор, Муса Сисоко пристигнува во Италија!

Се е поизвесно дека францускиот репрезентативец од следната сезона ќе го гледаме во италијанската Серија А. Пред неколку дена се појавија шпекулации дека Интер е блиску до трансфер на везистот на Њукасл во своите редови, а француските медиуми сега тврдат дека трансферот е завршен. Сисоко и Интер пронашле „заеднички јазик“ и се договориле околу неговите примања, останува само Њукасл да го одобри овој трансфер.

Интер понудил 35 милиони евра, но Њукасл бараше 40, бидејќи Французинот има договор со клубот до 2019 година, но се очекува до крајот на трансфер периодот овој трансфер да биде готов, бидејќи управата на англискиот клуб е свесна дека овој 27-годишен везен фудбалер нема амбиции да се натпреварува во втората англиска лига.

Муса Сисоко прикажа одлични партии на изминатот Европско првенство во Франција, на кое „Триколорите“ беа поразени во самото финале од страна на новиот европски шампион Португалија.