Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОвој викенд традиционалната „Штипска пастрмалијада“

Овој викенд традиционалната „Штипска пастрмалијада“

Традиционалната „Штипска Пастрмалијада“ се одржува овој викенд. Манифестацијата започнува во петок со промоција на маскотата на „Пастрмалијадата“, по што ќе следи и претставување на џиновската пастрма.

Во сабота настапуваат нашата дива Калиопи и балканската ѕвезда Жељко Самарџиќ, а во сабота ќе ве забавува Цеца.

Познатиот штипски специјалитет ќе се нуди на 23 штандови, а ќе бидат поставени во паркот во населбата „8-ми Ноември“. Угостителите се договорија цената на пастрамјлијата да изнесува 120 денари.