Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратениците ќе одмараат викендов – Седницата продолжува во понеделник

Пратениците ќе одмараат викендов – Седницата продолжува во понеделник

Конститутивната седницата на македонското Собрание ќе продолжи во понеделник во 12 часот. Викендов пратениците ќе одмараат од напорните реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО ДПМНЕ. И денешната седница не поминна без опструкции што го вклучи алармот во ДУИ чие претседателство заседава во Мала Речица.

Петре Шилегов од СДСМ рече дека сака да одговори на невистините кои се шират од собраниската говорница и посочи дека промена на државните симболи нема, промена на уставниот карактер на Република Македонија како парламентарна демократија и унитарна држава нема и дека примена на двојазичност на целокупната територија на Македонија нема. Тој рече дека за разлика од некои други, пратениците на СДСМ се луѓе со интегритет и не се продаваат.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реплицирајќи му на Шилегов рече дека овие пет дена ако не друго им помогнале да дојдат до заклучокот дека во Република Македонија се подготвува голема измама.

– Има десетици и десетици изјави од Зоран Заев, од Али Ахмети, од Бујар Османи, од Артан Груби… во кои има јасни и прецизни тврдења. Заев кажа дека е позитивен спрема платформата и дека таа е дел од усогласените работи, Ахмети кажа дека законот за јазици е заклучен и иако сето тоа го видоа граѓаните се уште има луѓе во Собранието на РМ кои тврдат дека нема платформа. Едни ја читаат платформата, други ја потврдуваат, а трети велат дека нема платформа. Зарем треба поголем доказ дека ова е измама. Извадете ги до детали сите работи кои сте ги договориле. Должни сте да ја информирате јавноста за сите детали и од таа позиција многу полесно ќе биде да ги браните вашите позиции, рече Димовски.
Конститутивната седницата на македонското Собрание ќе продолжи во понеделник во 12 часот.