Monday, May 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОва се 10-те најчести презимиња во Македонија

Ова се 10-те најчести презимиња во Македонија

Милер, Гарсија, Роси, Ковач, Смит и Иванов се едни од најчестите презимиња во Европа. Ако сте љубопитни да истражите повеќе информации за своето презиме или кои се најраширени презимиња во светот сега имате нова алатка на располагање.

Страницата Forebears собира генолошки податоци од бројни историски книги од цела низа земји, а потоа собраните податоци ги класифицира по мапа на светот. Така можете да откриете дека најчестото презиме на светот Ванг, го имаат преку 76 милиони. Нема да се изненадите од информацијата дека најмногу Ванговци се наоѓаат во Кина.

Всушност од 10 најчести презимиња во светот дури седум се од Кина, а преостанатите три се од втората најмногубројна земји на светот-Индија.

Можно е да извадите податоци и за земјите од регионот.

Според страницата на Forebears ова се 10 најчести презимиња во Македонија:

1. Стојановски

2. Николовски

3. Стојановска

4. Трајковски

5. Јовановска

6. Петровски

7. Јовановски

8. Николовска

9. Ивановски

10.Трајковска