Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОва лето ќе се активираат затворениот и отворениот базен во Куманово

Ова лето ќе се активираат затворениот и отворениот базен во Куманово

Општина Куманово најави почеток на изградбата на отворениот базен кој ќе биде дел од комплексот на затворениот базен каде градежните активности се при крај и планирано е да биде пуштен во употреба во текот на јуни. Предвидено е покрај базените да има повеќе модерни капацитети како соблекувални, ресторан, комерцијални објекти, како и голем паркинг за посетителите.

„Имаме вградено најсовремена техника во однос на затоплување со сончева енергија, гасна енергија и климо-комори кои од пареата прават струја. Имаме најсовремена опрема за техничка обработка на вода, озонска обработка на вода, нема да има хлорирање. Ставивме техника која е трендовска, која е најмодерна и која во моментов дава најголема сигурност за квалитетот на водата“, изјави градоначалникот Дамјановски.

Наскоро ќе се активираат и приватни инвеститори кои треба да изградат хотел, спортски продавници и спа центар.