Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОтворен центар за сензорна терапија на лица со аутизам

Отворен центар за сензорна терапија на лица со аутизам

Денеска во Општина Аеродром, беше отворен Центар за сензорна терапија „Во мојот свет“, за лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

Центарот е отворен под покровителство на сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова, а со финансиска помош на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија.

– Мојата соработка со здружението „Во мојот свет“ трае веќе неколку години и денеска Центарот ги отвора вратите за сите лица со аутизам, а посебно за децата со аутизам. Нашата цел беше да се обезбедат што посовремени и подобри третмани и терапии за децата со аутизам во Македонија. Сметам дека сите треба колку што можеме да помогнеме на ранливите, различните, а сепак еднакви категории граѓани во нашето општество – изјави Иванова.

Бугарскиот амбасадор во Македонија Петко Иванов, на отворањето порача дека сето ова се прави за децата, дека аутизмот не е болест, туку состојба.

– Ние треба да им помогнеме на тие деца да живеат со сите други, да растат и придонесат за развојот на земјата – рече Иванов.

Претседателот на здружението Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Во мојот свет“, Златко Стојановски на денешното отворање додели благодарници на Маја Иванова, на амбасадорот Иванов, друштвото „Ноќни волци“ и други личности и компании за поддршката и помошта за остварувањето на проектот.

Фото: МИА