Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосОткриено необично небесно тело!

Откриено необично небесно тело!

Меѓународната група на научници зад планетата Нептун забележала мал објект со орбита која не е карактеристична за сончевиот систем. Необичното небесно тело било 160.000 пати потемно од Нептун, а неговиот пречник изнесувал околу двеста километри, пишуваат списанијата наменети за овие истражувања.

Научниците нагласиле дека небесното тело се движи со орбита на потполно некарактеристичен начин за Сончевиот систем. Објектот се движи околу Сонцето спротивно другите тела. Таинственото небесно тело добило назив „Нику“. Небесното тело било откриено со помош на системот на телескопи „Пан старс” на Хаваите.