Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОткриени 40 мигранти во камион на патот Штип-Кочани

Откриени 40 мигранти во камион на патот Штип-Кочани

Четириесет мигранти од Сирија, повеќето деца, биле откриени синоќа во камион во близина на селото Долни Балван на патот Штип-Кочани.

МВР соопшти дека полициски службеници синоќа околу 23.30 часот на м.в.„Штипска петља“ дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес“, но возачот не застанал и продолжил кон Кочани. На околу еден километар пред с.Долни Балван го запрело возилото и избегало во непознат правец.

При контрола, во товарното возило биле пронајдени 40 лица-мигранти од Сирија, меѓу кои повеќето биле деца. Мигрантите се однесени во полициска станица во Штип, а во текот на денешниот ден ќе бидат префрлени во прифатниот центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчитување на случајот.