Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОткриени 31 нелегален мигрант во комбе со белгиски таблици

Откриени 31 нелегален мигрант во комбе со белгиски таблици

Нелегални мигранти откриени во Рено со белгиски регистарски таблици на автопатот помеѓу селата Прдејци и Смоквица во правец на Скопје. Патролно полициско возило го сопрело сомнителното комбе и открила 31 мигрант. При обид да биде извршена контрола над возилото, возачот застанал по што веднаш почнал да бега.

При прегледот во возилото пронајдени се 31 мигрант: 28 од Пакистан и тројца од Индија со нелегален влез од Грција во Македонија. Се верува дека на македонска територија влегле преку граничниот премин Богородица.