Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОткриена авионска бомба во скопската населба Цементара, жителите времено евакуирани

Откриена авионска бомба во скопската населба Цементара, жителите времено евакуирани

Во Скопје, во близина на населба Припор, кaj кружниот тек пред населбата Цементара, при ископ и проширување на локален пат, пронајдена е авионска бомба од голем калибар, извести Дирекцијата за заштита и спасување.

Првичните процени се дека е со тежина од околу 125 килограми.

Согласно стандарните оперативни процедури, Дирекцијата за заштита и спасување, со свои стручни обучени лица, ги превзема сите превентивни и оперативни безбедносни мерки.

Облележан е и заштитен просторот околу проектилот, известени се сите околни субјекти за да го напуштат теренот, а воедно и МВР го обезбедува просторот.