Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманОсвежително и вкусно: Торта со малини и павлака

Освежително и вкусно: Торта со малини и павлака

Лесна за подготовка и погодна за летните жешки денови кои ни престојат. Слатко задоволство кое ќе ве освои на првото залче.

Потребни состојки:
* 5 мали кисели павлаки
* 250 гр. шеќер во прав
* Пишкоти
* 250 гр. свежи малини или 2 пакетчиња замрзнати
* 400 мл. слатка павлака

torta pavlaka malini2

Начин на подготовка:
Изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав.
Во калап наредете ред од пишкотите, премачкајте со половина изматената кисела павлака, па наредете и половина од малините.

Потоа повторете ја постапката со пишкоти и преостанатиот фил од кисела павлака.  Доставете ги и малините, но може да оставите и една шолја за декорација. Филувајте со 400 мл. матена слатка павлака и ставете ја тортата да се излади неколку часа.

На крајот чашката малини кои ги одвоивте само истурете ги непрецизно одозгора.

Не бидете изненадени ако сите ви побараат рецепт уште на првиот залак.