Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАХВ за случајот со скопската слаткарница: Нема отстапки во безбедносните критериуми во производството на торти

АХВ за случајот со скопската слаткарница: Нема отстапки во безбедносните критериуми во производството на торти

Откако граѓанин поднесе претставка до инспекциските служби со наводи дека делови од торта купена од позната скопска слаткарница, биле направени од стиропор, Агенцијата за храна и ветеринарство во моментот на надзорот не констатирале отстапувања во поглед на безбедносните критериуми.

„Од страна на инспекциските служби ниту по направената контрола на готови торти кои имаат фигури на површината, не се најдени отстапувања, односно не е утврдено присуство на стиропор, ниту во тортите, ниту во фигурите. Во дел од тортите, констатирано е дека при производството се користени чепкалки и дрвени стапчиња за прицврстување на фигурите. За нив со контролата е утврдено дека станува збор за материјали кои доаѓаат во контакт со храна за кои се доставени на увид и валидни. Мислења за материјали кои доаѓаат во контакт со храна, кои се издадени од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Производителот на торти каде е спроведена контролата има обезбедено и соодветно означување на пакувањето на готовите производите со посебна нотификација: Фигурите на тортите не се за јадење!“, стои во информацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство.