Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани – Жбогар: Потребна е тесна соработка на Владата и Собранието за неопходните реформи

Османи – Жбогар: Потребна е тесна соработка на Владата и Собранието за неопходните реформи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар денеска разговараа за приоритетите на кои ќе работи новата Влада во наредниот период, во рамките на активностите посветени на интеграцијата во ЕУ.

– Соочени сме со големи предизвици за да го надоместиме изгубеното време, поради продолжената политичка криза, и да ја вратиме земјата на патот кон интеграција во ЕУ. Се надеваме дека ќе го оствариме тоа во тесна соработка со сите општествени чинители во земјава, со поддршка од нашите меѓународни пријатели, и особено во партнерство со Европската комисија и Делегацијата на ЕУ – истакна Османи.

Тој го информирал евроамбасадорот владата го прифатила неговиот предлог одблиску да ја следи динамиката на реформите за интеграција во ЕУ, во согласност со реформски приоритети, како и за детален увид во статусот на ИПА фондовите, со цел да се подобри искористувањето на истите.

Османи и Жбогар, како што се наведува во соопштението, се согласиле дека е потребно напорно да се работи на реформите, преку тесна соработка на Владата и Собранието за да се спроведат неопходните реформи за обезбедување на услови, на национално и на меѓународно ниво, за пристапување на Македонија во Европската Унија.