Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани: Очекуваме поддршка од Естонија во 2018

Османи: Очекуваме поддршка од Естонија во 2018

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, за време на работната посета на Естонија, се сретнал со високи претставници на државата, како директорот на канцеларијата за европски прашања, Клен Јарац, претседателот на Комисијата за европски прашања при естонскиот парламент, Томас Витсут, и со претседателот на парламентарната група помеѓу Македонија и Естонија, Ерик Нилс Крос.

На средбите се разговарало за билатералната соработка помеѓу Македонија и Естонија, регионалната соработка во рамки на земјите од Западен Балкан, како и за проширувањето на Европската Унија со земјите од регионот.

„Следната година претставува историска година за Македонија по прашањето на нашите интеграции и за тие наши амбиции, очекуваме поддршка од Естонија“, истакна Османи.

Соговорниците дискутирале и за справувањето со европските предизвици, како што се лажните вести, пробивот на радикалниот популизам, национализмот, геополитичко влијание од Исток, предизвиците на мигрантската криза итн.

Претходно, во рамки на својата работна посета на Естонија, Османи се сретна и со министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер.