Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани на амбасадорите им ги презентираше деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9

Османи на амбасадорите им ги презентираше деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска ги презентираше новите делови, шест и девет, од Планот 3-6-9, пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Македонија.

„Направивме целосна имплементација на сите забелешки и препораки содржани во извештаите на Европската Комисија, со особен акцент на препораките на експертската група предводена од Рајнхард Прибе“, информираше Османи.

Тој објасни дека намерата на Владата е Планот 3-6-9 да ја заокружи реформската потреба на Република Македонија за откочување на евроинтегративните процеси. Тој ги повтори очекувањата на Владата за конкретни чекори од стана на ЕУ, но и на земјите- членки на Унијата, во насока на визибилноста на европските перспективи во Македонија, согласно успешната имплементација на Планот 3-6-9, но и согласно успешноста во адресирањето на отворените политички прашања.

„Пред нас имаме процес на имплементација на сериозни реформи, политички чекори насочени како придобивка за следните генерации а не за следните избори. Владата храбро влезе во реализација на овие реформи и согласно нивната испорака, граѓаните ќе очекуваат испорака и од страна на Европската Унија“, рече Османи.

Тој нагласи дека Планот 3-6-9 претставува добра основа за изградба на широк општествен консензус, за што веќе се остварени средби со Претседателот на државата, Иванов; покрај честите комуникации, одржана е и трибина со граѓанскиот сектор, на која се презентираше Планот 3-6-9; се прават напори за создавање директни канали на комуникација и со опозицијата, од каде се добиваат позитивни сигнали.