Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани: Да покажеме дека можеме да спроведеме избори во согласност со меѓународните стандарди

Османи: Да покажеме дека можеме да спроведеме избори во согласност со меѓународните стандарди

Потребно е да покажеме дека имаме капацитет да спроведеме демократски и кредибилни избори во согласност со меѓународните стандарди, што би било уште еден позитивен елемент за придвижување на земјата во процесот на европска интеграција“, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните парламентарни избори, Кајетана де Зулуета.

„Владата многу сериозно пристапи на забелешките и препораките нотирани во последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР изготвен по одржувањето на последните избори“, рече Османи.

Тој додаде дека Владата веќе изготви план во кој посебно место имаат т.н. итни приоритети на кои Владата ќе се посвети во наредните 3 месеци, т.е. токму пред одржување на локалните избори.

Од Секретаријатот за европски прашања соопштуваат дека покрај разговорите за изборните реформски приоритети, двајцата соговорници изразија задоволство од новата позитивна клима која владее во земјата и оптимизмот од враќањето на земјата на европскиот пат.