Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Ослободување на Скопје“ вечерва ќе ја доживее својата премиера

„Ослободување на Скопје“ вечерва ќе ја доживее својата премиера

„Ослободување на Скопје“, во режија на Раде Шербеџија, премиерно ќе биде прикажан на вечерашното отворање на 37-иот Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, а утре во киното „Милениум“ ќе ја има скопската премиера. „Ослободување на Скопје“ е прв режисерски филмски проект на Раде Шербеџија, што го направи заедно со синот Данило. Филмот е базиран познатиот драмски текст на Душан Јовановиќ.
osloboduvanje-na-skopje-1
Со дејствие сместено во Втората Светска Војна, филмот ќе ја раскаже приказната низ очите на 11-годишниот Зоран, за страдањата и хоророт на луѓето што поминуваат низ војната. Додека неговиот татко е партизан што се бори против Германците, неговата мајка Лица започнува љубовна афера со германски офицер. Поминуваат годините, доаѓа денот на ослободувањето на Скопје. Тоа што останува да се запрашаме е како понатаму? Дали, општеството ќе ја казни Лица за тоа што го направи и дали семејството ќе ја постигне некогашната хармонија?
osloboduvanje-na-skopje-2
Филмот е во македонско-хрватско-финска продукција, меѓу кои и македонските Кино-Око и Партисанс. Продуценти на филмот се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола, а автор на музиката е Влатко Стефановски. Во главните улоги настапуваат 11-годишниот Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски, Јани Вирман, Денис Абдула, Аксел Мехмед, Дејан Лилиќ и други.

По вечерaшата премиера на Браќа Манаки во Битола, филмот утре (11 септември) ќе ја има својата скопска премиера во киното „Милениум“, а подоцна ќе продолжи да се прикажува на редовниот репертоар во кината Cineplexx и Милениум.