Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОрав ги повикува политичките лидери на отворен дијалог за решавање на кризата

Орав ги повикува политичките лидери на отворен дијалог за решавање на кризата

Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека сите политички лидери мора заеднички да се вклучат во отворен дијалог за решавање на политичката криза и сите партии да се согласат за понатамошната имплементација на пржинскиот договор, додавајќи дека Европската унија е сериозно загрижена за моменталната состојба.

„Владеењето на правото е основа за силно демократско општество, а исто така важно е да се имплементираат реформските приоритети што ги предложи Европската комисија. Остануваме загрижени за проблемите со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство при својата работа. Ги повикуваме сите тела, особено партиите кои се согласија да се воспостави СЈО, да престанат да го опструираат и да му дадат целосна поддршка“, истакна евроамбасадорот.

„Сите повторуваме дека Пржинскиот договор останува најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза. Во интерес на земјата и на нејзиниот евроатлантски пат е главните политички партии да договорат заеднички начин за излез од кризата во следните денови, а не во недели или месец“, додаде Орав.