Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОпштина Струмица: Работиме законски, финансиска инспекција ги доби сите потребни документи

Општина Струмица: Работиме законски, финансиска инспекција ги доби сите потребни документи

Не е прв пат Општина Струмица да биде под инспекциски надзор од разни државни инспекциски служби. Тоа е дел од секојдневието во општина Струмица, па така е и овој пат, се огласи Општина Струмица откако денеска во нејзините канцеларии влегла финансиска инспекција барајќи ја документацијата за тендерите за превоз на ученици.

-„За потребите на денешната финансиска инспекција, од страна на општината и нејзините служби, обезбедени и предочени на увид се сите неопходни документи. Сите досегашни инспекциски контроли во Општина Струмица во изминатите години го покажаа законското работење на општината и градоначалникот, со што беше потврден епитетот на најтранспарентна општина во Република Македонија“, се наведува во реакцијата на Општина Струмица.