Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: ВМРО- ДПМНЕ ги остави граѓаните без плати, откако ги „хендикепираше“ општините

СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ ги остави граѓаните без плати, откако ги „хендикепираше“ општините

Стигна реакција од СДСМ на изјавата на Антонио Милошоски. Оттаму го повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, и како што велат, со лицемерно лицитирање со датуми за локални избори како да се на лото емисија додека ги оставаат граѓаните на цедило без градоначалници.

Од СДСМ додаваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ виде што предизвика нивната неодговорност кај граѓаните, дека ги оставија луѓето од понеделник без плати и можноста да ги добијат основните општински услуги. Видоа колкава политичка штета си нанесоа од оваа врвна несериозност и затоа панично се обидуваат да глумат лажна загриженост.