Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОпштина Кичево го стави турскиот јазик во службена употреба

Општина Кичево го стави турскиот јазик во службена употреба

Советот на општина Кичево на денешната 43-та седница едногласно одлучи турскиот јазик да влезе во службена употреба во општината.

Во рамки на ова точка првично требаше да се гласа и за именувањето на еден дел на средното училиште, како и една улица со имиња од личности од турската историја, но за вака формулираната точка против беа советниците од опозицијата. По една долга дебата седницата беше прекината.

По долги консултации во продолжение на седницата градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари предложи првата точка да се одвои и да се гласа само за јазикот да биде во службена употреба, по што советниците едногласно ја прифатија и турскиот јазик влезе во службена употреба во општина Кичево.