Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпозицијата најавува контрамерки ако продолжи игнорантскиот однос на Владата

Опозицијата најавува контрамерки ако продолжи игнорантскиот однос на Владата

Координаторот на правата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во отворено писмо до премиерот Зоран Заев остро реагира дека за ребалансот на буџетот, министерот за финансии Драган Тевдовски не прифатил ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“.

„Влада што не е спремна да прифати ниту еден туѓ предлог, докажува дека нема демократски капацитет. Пратениците од Коалицијата која што имаше најголем број на гласови на последните парламентарни избори, поднесоа во прва фаза 706 амандмани, а во втора фаза 89 амандмани кои се реални и произлегуваат од барањата и потребите на граѓаните. Во овие амандмани имаше предвидено средства за крупни стратешки проекти, како и средства неаменети за решавање на голем број на локални проблеми на граѓаните низ цела Македонија.

Несериозно и недозволиво е Влдата, Министерството за финансии и парламентарното мнозинство да ги игнорираат потребите и проблемите на 454.577 граѓани на Република Македонија, застапувани од 51 пратеник во Собранието на Република Македонија.

Ветувавте инклузивност и соработка, а не прифативте ниту еден амандман од 58 опозициони пратеници, од кои 51 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и од 7 пратеници од останатите опозициони партии во Собранието на Република Македонија.

На таков начин покажавте и докажавте дека подадената рака за соработка која што ја најавувавте и баравте е само флоскула и ништо повеќе“, се вели вжо писмото од Димовски до Заев.

Тој најави дека ако и понатаму продолжи ваквиот игнорантски однос од страна на Владата на Република Македонија и на тесното парламентарно мнозинство, опозицијата ќе одговори соодветно искористувајќи ги сите демократски и деловнички можности во Собранието на Република Македонија.

„Ваквиот начин на кој што почна да функционира оваа Владата спрема Собранието на Република Македонија не е добар и истиот треба да се промени, додека е време.

Дополнително сакаме да нагласиме и уште еднаш да ви укажеме дека економските проценки, економските политики и очекувања што ги најавувате и започнавте да ги спроведувате не се добри и нема да донесат резултати. Овие економски политики ќе претставуваат основа за стагнација на македонската економија, ќе се намалат странските диреткни инвестиции, ќе се намали растот и развојот на економијата и нема да се отвораат нови работни места, како во изминатите години“, пишува Димовски.