Saturday, Aug 15, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаОЈO бара 30-дневен притвор за Игор Југ

ОЈO бара 30-дневен притвор за Игор Југ

igor jug

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека ја прошириле истрагата за Игор Југ, еден од осомничените за случувањата во Собранието. Вчера до судија на претходна постапка е поднесен предлог за продолжување на мерката притвор за осомничениот. Југ претходно доби осумдневен притвор, кој истекол вчера.

Мерката притвор се бара по сите основи, затоа што обвинителството се сомнева дека осомничениот може да избега, да ја попречи истрагата или да го повтори делото.

Освен тоа Игор Југ се товар дека бил водач на толпата на крвавиот четврток. Ова е прв пат во истрагите еден од лицата да се сомничи како водач на толпата која упадна во законодавниот дом.

„Предлогот е поднесен бидејќи од досега прибавените докази од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје произлезе дека покрај за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик, постои основано сомнение дека осомничениот преземал дејства како водач на толпа во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава“, велат од Обвинителството.

Од Обвинителството додаваат дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка и за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.3 од Кривичниот законик, за кое дело пропишана е казна затвор од една до 10 години.