Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОфицијално: БЕСА не е дел од идната влада

Официјално: БЕСА не е дел од идната влада

Беса и официјално не е дел од идната Влада. Партијата на Билал Касами не постигна договор со новиот мандатар за место во владата.

Известуваме, во врска со преговорите со партијата БЕСА, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор. Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани – се вели во соопштението од СДСМ.