Friday, May 17, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОдличниот Хрват на чекор од Арсенал?!

Одличниот Хрват на чекор од Арсенал?!

Ререзентацијата на Хрватска синоќа го одигра последниот натпревар од Европското првенство откако после продолженијата беше елиминирана од Португалија, но и покрај тоа Хрватска одигра одлично во текот на ова првенство, а еден од најдобрите фудбалери во тимот би можел да го исполни својот сон.

Како што пренесуваат медиумите на Островот, Иван Перишиќ после завршувањето на Европското првенство би можел да стане нов член на Арсенал. Хрватскиот фудбалер одигра фантастични партии за Хрватска на ова европско првенство, а токму поради тоа се чини го привлече и вниманието на Арсен Венгер кој бара замена за Тео Волкот кој постојано се мачи со повредите.

Перишиќ

Поединечни медиуми дури го нарекуваат Перишиќ и за надобар фудбалер во досегашниот тек од ЕВРО 2016, а се чини дека такво мислење има и францускиот стратег кој се наоѓа на клупата на „Топџиите“. Перишиќ минатата сезона од Волфзбург направи трансфер од Интер, каде се прокламираше во еден од најдобрите офанзивци. Тој во дресот на Интер во Серија А на 34 натпревари постигна седум погодоци и забележа шест асистенции.

Интерес за неговите услуги покрај Арсенал, покажа и неговата поранешна екипа Борусија Дортмунд, а во својата екипа би сакал да го види и Антонио Конте.