Monday, Oct 23, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд полноќ поевтинува нафтата – бензините остануваат со иста цена

Од полноќ поевтинува нафтата – бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика ја направи новата пресметка. Бензините и во следните две недели остануваат со иста цена, дизелот поевтинува за два денари.

98-октанскиот бензин се продава по цена од 64,5 денари за лидар, 95-ката е два денари поевтин, новата цена на дизелот од полноќ изнесува 46,5 денари. За два денара поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, на 35,5 денари. Пониска цена има и мазутот, 17,743 денари за килограм.

Регуларна во пресметката ги вклучува цената на суровата нафта на берзите и курсот на денарот во однос на доларот, па оттука е и донесена одлуката за намалување на малопродажните цени за 3,30 проценти.