HomeДЕНЕШНАРепубликаОд полноќ нов пад на цените на нафтените деривати

Од полноќ нов пад на цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика извести за ново намалување на цените на нафтените деривати. Од полноќ, бензинот ќе биде поефтин за три, а дизелот за два денари.

Новата цена на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 64 денари,  литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 66 денари. Литар еуродизел Д-Е V ќе чини 49 денари, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 37,50 денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com