Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОд крајот на месец мај екстракти од канабис во аптеките во Македонија

Од крајот на месец мај екстракти од канабис во аптеките во Македонија

Според зборовите на министерот за здравство Никола Тодоров, Две барања за увоз на суровина од која ќе бидат произведувани препарати на база на канабис, се поднесени до Агенцијата за лекови и медицински средства. Тие се одобрени и се очекува суровината за производство да биде во Македонија до крајот на следната недела.

„По проверка на исполнетоста на условите и стандардите следи стекнување лиценца за производство. Доколку целата процедура е во ред, очекуваме првите проверени и контролирани производи на база на коноп во аптеките да ги имаме до крајот на мај годинава. Односно, до крајот на мај овие производи да станат достапни за сите пациенти во Република Македонија“ изјави Тодоров.

Тодоров исто така нагласи дека на пазарот во Република Македонија за медицински цели ќе бидат достапни препарати од коноп, кои ќе се користат за малигни заболувања, за заболени од мултиплекс склероза, заболени од ХИВ и тешки епилептични синдроми од детска возраст.