Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОд денеска рентген снимки и во „Идадија“

Од денеска рентген снимки и во „Идадија“

Денеска повторно отворен Кабинетот по радиодијагностика во поликлиниката „Идадија“. Во него ќе работи доктор-специјалист по радиодијагностика преземен од приватна здравствена установа, во рамки на огласите на Министерството за здравство за преминување на доктори-специјалисти од приватното во јавното здравство.

Овој Кабинетот за рентген дијагностика во Поликлиника „Идадија“ беше затворен пред 4 години. Во Кабинетот ќе се вршат рентген графии на скелет, заби и ехо дијагностика, а ќе работи секој работен ден во прва смена со закажани прегледи преку Мој термин.