Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОд денес стартува Lycamobile, новиот виртуелен мобилен оператор

Од денес стартува Lycamobile, новиот виртуелен мобилен оператор

Македонските граѓани ќе може да уживаат во придобивките од Lycamobile и нискобуџетните тарифи за национални, меѓународни повици како и интернет сообраќај. Понудите на Lycamobile особено ќе им бидат привлечни на граѓаните кои имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. Lycamobile нуди импресивни цени без трошоци за роаминг во дури 18 земји во светот, соопштуваат од Lycamobile.

Ова е одраз на широката визија на компанијата, која се стреми да им овозможи на корисниците да се поврзат со своите пријатели и семејства ширум светот по најповолни цени.

Кандидатскиот статус на Македонија за влез во Европската Унија од 2005 година овозможи блиски економски врски со Унијата, што резултираше со зголемен развој во телекомуникацискиот сектор како подготовка за посериозна конкурентска средина.

Следствено на тоа, во 2015 година Македонија оствари импресивна стапка на раст во мобилната телефонија од 108%, поради што Lycamobile донесе стратешка маркетинг одлука за да ги искористи предностите на таквиот растечки пазар.

Основана со мисија да ги поврзува пријателите и семејствата ширум светот, Lycamobile многу бргу прерасна во компанија, што им служи на 15 милиони корисници ширум светот, вклучувајќи ги корисниците од  Европа, САД, Австралија, Хонгконг и Тунис.

„Македонија е држава што се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа, oпкружена со некои од најпопуларните земји а нејзината телекомуникациска индустрија доби значајни странски инвестиции во последниве години. Имајќи го предвид тоа, Македонија е нашиот следен чекор, со што продолжуваме да се прошируваме на меѓународно ниво”, изјави генералниот директор на Lycamobile Субаскаран Алираџах .