Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставен ја одложи расправата дали е уставно УБК да прислушува преку телекомуникациските оператори

Уставен ја одложи расправата дали е уставно УБК да прислушува преку телекомуникациските оператори

Уставните судии одлучија да ја одложат точката за разгледување на иницијативата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации, за една од наредните две седници, јавува ТВ21. Основната причина за тоа е како што истакнаа на седницата обемноста на материјалот предложен со иницијативата.

Со овој член донесен со измените на Законот во 2014 година на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи“.

Иницијативата за разгледување на уставноста и законитоста на овој член е поднесена во 2015 година, односно истата година кога СДСМ почна со објавување на разговори од незаконското следење на комуникациите, односно т.н. „бомби“.

Во иницијативата оспорен е целиот член 175, односно сите 10 става од него. Инаку, членот 175 од Законот за електронски комуникации вели дека операторите се должни да ги обезбедат техничките услови за следење на комуникациите во нивните мрежи, во согласност со Законот за следење на комуникациите.