Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаОбјавен спотот кој го одбележа доделувањето на „MTV“ наградите

Објавен спотот кој го одбележа доделувањето на „MTV“ наградите

Песната „Fade“ деветнаесетата нумера од последниот албум на американскиот рапер Кание Вест „The Life Of Pablo“ го доби долгонајавуваниот спот чија ѕвезда е танчерката Тејана Тејлор, кој неодамна беше објавен и на социјалната мрежа „Youtube“. Квалитетот на песната „Fade“ е ставен во втор план, а во фокус е видео-снимката на режисерот Ели Расел Линец е Тејана Тејлор.

Иако спотот премиерно беше прикажан на 28 август на доделувањето на „MTV“ наградите за спот на годината, вистинската верзија се најде на официјалниот канал на „Youtube“ на Кание Вест. Главната разлика меѓу експлицитната и оригиналната верзија е тоа што во втората верзија не се појавува вереникот на Тејана, кошаркарот Иман Шамперт.