Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦНовиот лаптоп го оневозможува шпионирањето на екранот

Новиот лаптоп го оневозможува шпионирањето на екранот

Компанијата „Хјулит-Пакард“ развила нов систем за своите лаптопи, кој им оневозможува на другите луѓе од страна да видат што има на екранот. „ХП“ развил нов екран кој го намалува аголот на гледање, што значително отежнува од страна да се види што работи корисникот. Таа опција работи на тој начин што го спречува светлото да оди во страна, па екранот може да се види само со директно гледање во него.

Ваквата заштита на приватноста и порано била возможна со посебниот „филтер за приватност“ кој се лепи на екраните, но недосататок на оваа опција е тоа што е трајна и што всушност прави потемна слика. Решението на „ХП“ има предност бидејќи може да се вклучува и исклучува со притискање на тестатурата.

Ekran-f2

Функцијата „sure view“ била развиена во соработка со компанијата „3М“ која продавала филтери за екрани. Почнувајќи од септември екраните со функцијата „sure view“ ќе бидат достапни на два ХП-Лаптопи „eliteBook 1040″ i „eliteBook 840“ кои имаат резолуција од 1080п.