Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦСовет за подолг живот на компјутерот или лаптопот

Совет за подолг живот на компјутерот или лаптопот

Управувањето со компјутерот при негово вклучување или исклучување може да придонесе за побрзо да се „потрошат“ компонентите, а со тоа и да се скрати рокот на употреба, затоа треба да следите неколку совети кои ќе ви помогнат.

Samsung-laptops

Според експертите од Geek Squad се зависи од начинот на кој го користите и колку време поминувате со компјутерот. Доколку работите повеќе часа во текот на денот со мали паузи не се препорачува постојано да го вклучувате и исклучувате компјутерот бидејќи со секое вклучување се активира струјата и доаѓа до загревање на компонентите.

Од друга страна, пак ако работите со компјутерот само по час два нема потреба да го држите постојано вклучен бидејќи исто така се троши струја. Во тој случај може да го користите Sleep режимот кој го намалува капацитетот и штом го активирате компјутерот веднаш ќе се вратите на задачите кои биле вклучени.

Извор: telefoni.mk