Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦLenovo повторно лидер со продадени компјутери

Lenovo повторно лидер со продадени компјутери

Lenovo и во вториот квартал на 2015-та е лидер во продажбата на персонални компјутери со испорачани 13,4 милиони уреди, но проблемот за производителите е што оваа категорија опаѓа кај корисниците секоја година, а оваа година има пад од речиси десет проценти.

Lenovo-LaVie-Z-3

Зад Lenovo според успешноста на продадени PC уреди се сместени традиционално добрите HP, Dell, Asus и Acer. Корисниците се почесто користат таблети за традиционалните задачи кои може да ги сработат со PC, но се верува дека за неколку години кога компјутерите од последните генерации ќе застарат повторно ќе има потреба од нови „машини“.

Извор: telefoni.mk