Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНовиот аеродром во Северна Кореја ќе ве збуни и воодушеви

Новиот аеродром во Северна Кореја ќе ве збуни и воодушеви

Северна Кореја го пушти во употреба новиот интернационален аеродром во престолнината Пјонгјанг со највисоки свечености предводени од лидерот Ким Џонг Ун. Според дизајнот, архитектурата и луксузот на терминалот и пистите може да помислите дека станува збор за некоја локација во Европа или САД, а не во сиромашната и целосно изолирана Северна Кореја.

north korea1

Ваквиот луксуз беше прославен со присуство на стотици граѓани облечени во традиционални свечени носии, а државната пропаганда на Северна Кореја го престави диктаторот Ким Џонг Ун како визионер и модерен политичар кој самиот учествувал во креирање на аеродромот. Во понудата на аеродромот има кафе бар, фришоп, големи и удобни чекални и простории за трговски локали.

north korea2

До Пјонгјанг има мал број на летови од Кина, Русија и неколку азиски дестинации, што значи дека огромниот аеродром каде може да слетаат три големи џет авиони и уште десетина помали во голем дел ќе остане празен.

north korea3