Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинарски протест за поддршка на Зоран Божиновски

Новинарски протест за поддршка на Зоран Божиновски

Насер Селмани, претседателот на ЗНМ, најави дека е донесена одлука да се излезе на протест на 1 септември пред Основниот суд скопје кога ќе се одржи и првото судско рочиште против Зоран Божиновски, осомничен во случајот „Шоион“. ЗНМ ќе побара од сите новинари да дадат поддршка за Божиновски бидејќи ниту еден новинар не може да биде осуден на затворска казна освен во екстремни случаи, но тоа не го носи самото обвинение за објавување на тајни документи, афери и прислушкувани материјали.

„Во понеделник, 22 август, Управниот одбор на ЗНМ усвои одлука, на први септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се оддржува првото судско рочиште од судењето на новинарот Зоран Божиновски“, објави Селмани на неговиот профил на Фејсбук.

Пред два дена, во писмо упатено до претседателот и до јавниот обвинител, Меѓународната федерација на новинари повика на итно и безусловно ослободување на Зоран Божиновски.