Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОбвинителството поднесе обвинение против новинарот Зоран Божиновски

Обвинителството поднесе обвинение против новинарот Зоран Божиновски

Против кумановскиот новинар Зоран Божиновски денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по завршената истражна постапка против него, но и по сеопфатното разгледување и анализа на прибраните докази, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела злосторничко здружување, шпионажа и уцена, извести ОЈО.

„За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година“ се вели во известувањето.​