Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНови пожари беснеат во Чашка, Рашче и Пентов мост

Нови пожари беснеат во Чашка, Рашче и Пентов мост

На повеќе локации низ Македонија активирани се нови пожари со кои засега се справува Дирекцијата за заштита и спасување. Според нивните информации пожари се рашириле над патот кон село Рашче, во Општина Ѓорче Петров, каде гори нискостеблеста шума и трева.

pozar galicica

Потоа пожар има и кај село Крнино во Општина Чашка, кој се уште е активен, а на терен се ангажирани пет припадници од републичките сили за заштита и спасување и 20 лица од Шумското стопанство „Бабуна“ Велес.

Третиот пожар е лоциран кај местото викано Прентов Мост-Општина Охрид. Пожарот е под контрола и се работи на стишување на неколку преостанати жаришта. Тука ангажирани се екипи на ПШС „Галичица“ со 11 лица, едно противпожарно возило и три пожарникари од ТППЕ Охрид.