Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНови осум милиони евра во буџетот за обновување на електронските здравствени картички

Нови осум милиони евра во буџетот за обновување на електронските здравствени картички

Нови осум милиони евра ќе легнат во буџетот. Повеќе од два милиони граѓани треба од свој џеп да платат нови 250 денари за обновување на електронските здравствени картички од 2011 година, иако претходно истите тие картички од владата на ВМРО-ДПМНЕ беа најавени за бесплатни а и веќе еднаш се платени, пренесe Фокус.

На секоја електронска здравствена картичка пишува дека трае пет години, а веднаш по истекувањето на тие пет години треба да се обнови и граѓаните на своја сметка треба да платат уште 250 денари за таа намена.

„Фокус“ дојде до мејлот испратен од Фондот за здравство до сите матични лекари од кои се бара да ги известат своите пациенти дека треба да ги обноват електронските здравствени картички од 2011 година и за нив повторно да платат по 250 денари.