Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНови опструкции за СЈО – одбиени барањата за замрзнување имот на ВМРО-ДПМНЕ

Нови опструкции за СЈО – одбиени барањата за замрзнување имот на ВМРО-ДПМНЕ

Судиите во Кривичниот суд денеска повторно му зададоа удар на Специјалното јавно обвинителство, отфрлајќи ги 12 барања за привремено одземање и замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ поради случајот „Талир“, во кој се осомничени 11 лица, меѓу кои и лидерот на партијата, Никола Груевски.

„Постапувајќи по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), на нејавна седница одржана на 23.05.2017 година согласно чл.202 ст.3 од ЗКП донесоа решенија со кои се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека“, стои во соопштението.

СЈО соопшти дека немаат право на жалба на одлуките и дека деновове ќе излезат со официјална реакција.