Нови апсења и хаос на уште еден концерт нa „Guns and Roses“!
На два концерти на американската рок група „Guns and Roses“ на исток од градот Радерфорд во Њу Џерси биле уапсени повеќе од 40 лица поради различни обвиненија, вклучувајќи и напади на полицијата. На стадинот „Мет лајф“ во саботата беа уапсени 29 лица, меѓу кои и една жена поради напад на двајца полицајци, пренесе извор од полицијата за магазинот „Рекорд“.
Најмалку 22 уапсени од уапсените лица биле обвинети за недолично однесување, а имало апсења и поради неконтролирано однесување, напади, конфликти, терористички закани, поседување на марихуана и слично. Ниту другиот концерт одржан на истото место во Радерфорд не можел да помине мирно, па полицијата била принудена да уапси околу десетина обожаватели на популарните „Guns and Roses“.
Во рамките на турнејата „Not In This Life“ популарниот американски рок бенд одржал два спектакуларни концерти во Њу Џерси пред нешто повеќе од 55.000 луѓе.