Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурција апси уште шест генерали и неколку војници

Турција апси уште шест генерали и неколку војници

Турските власти издале налог за апсење на шест генерали и неколку десетина други воени функционери во рамките на истрагата за обидот за воен удар. Налогот за апсење го издала канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул, пренесуваат тамошните медиуми. Функционерите во Анкара го обвинуваат муслиманскиот проповедник Фетулах Гулен, кој се наоѓаво егзил во САД, за организација за обидот за пуч, во кој животот го загубија 270 лица.

Повеќе од 5.000 војници беа отпуштени после неуспешниот обид за државен удар на 15 јули, вклучувајчи 150 генерали и адмирали. Турските власти спроведуваат голема чистка во јавниот сектор од наводните поддржувачи на Гулен, поради што беа отпуштени речиси 43.000 државни службеници. Повеќе десетици илјади луѓе беа приведени поради вмешаност во обидот за пуч, а повеќе од 17.000, меѓу кои и војници, полицајци новинари, судии беа формално упасени и го чекаат судењето.